Калеска Ванчева: Случајот „тенк”, со кој е осуден Груевски, треба да послужи како пример за сите кривични совети

Ако некој го руши дигнитетот и независноста на судот тоа е опозицијата, три дена во собраниската распраа не застанавте во она што значи рушење на независното судство, истакна од собраниската говорница пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.
Таа им порача на пратениците од опозицијата дека не Добрила Кацарска таа што го крши уставот, туку тоа е ВМРО-ДПМНЕ.
Вие сте тие што не го почитувате ниту уставот, ниту законот за судови, ниту редовното судство, рече Калеска Ванчева.
Таа го цитираше извештајот на ОБСЕ за случаите на СЈО, за 5-те случаи кои се завршени, во кој се наведува дека за случајот „тенк” со кој му се судеше на поранешниот премир Никола Груевски е добар обрзаец дека е можно висок функционер да биде осуден.
Без разлика на бегството од правдата и поранешниот премиер Никола Груесвки што следеше подоцна, овој судски процес беше пример дека е можно висок функционер да одговара, пресудата беше добро образложена и јасно ги презентираше доказите на кои судот им дал верба при утврдување на вината, а пресудата содржеше јасно објаснување зошто судот ја отфлрил теоријата на одбраната, нагласи Калеска-Ванчева.
Таа додаде дека случајот „тенк” треба да послужи како пример за сите кривични совети.
ВМРО-ДПМНЕ тука дискутира за стручноста и компетентсноста на судија кој е судија 34 години, и ниту еден друг процес не ги интересира, освен процесите против високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на расправата за именување на судијката Добрила Кацарска за уставен судија.

 

Треба да знаете
Последни објави