Поранешниот ангел на Victoria’s Secret ги крена жештините овој ноември додека рекламира костим за капење од сопствениот бренд „ГАЛ Флирипа“.
Прекрасната Бразилка, поранешен супермодел а сега дизајнер, го покажа своето извајано тело во две жолти парчиња, а делови од фотосесијата во Лос Кабос ги објави на својот Инстаграм.
„Але“, како што ја нарекуваат нејзините фанови, ја собра својата луксузна коса нагоре под широк сламен шешир, за најновата фотосесија.
39-годишната Бразилка соработуваше со својата сестра Алин и пријателката Жизел Корија во создавањето на брендот „ГАЛ Флорипа“, кој го лансираше во март.