– Министерството за образование и наука продолжува да ги јакне стручните служби во средните училишта, кои освен што се важни за обезбедување квалитетен воспитно-образовен процес, треба да бидат и поддршка во зачувувањето на менталното здравје на учениците.
Од МОН ја нагласуваат важноста преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата која што е стожер во процесот на планирање, организација и спроведување на воспитно-образовниот процес.
На вебинар наменет за стручни соработници од средните училишта беа презентирани протоколите за работа во услови на пандемија. Министерката Мила Царовска посочи дека психолозите, педагозите и другите стручни соработници се важни во образовнието, не само во време на пандемија, туку воопшто низ целиот едукативен процес.
-Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на јакнење на оваа значајна служба, рече Царовска.