Македонската ракометна селекција која отпатува во Шафхаузен, каде треба утре да го одигра вториот квалификациски меч од групата 7 за пласман на ЕП-2022, против домашната селекција на Швајцарија повторно има проблеми со коронавирусот. Според информациите кои пристигнуваат од Швајцарија евидентиран е нов случај на инфициранчлен од македонската експедиција со коронавирус. Станува збор за член на стручниот штаб, чиј идентитет не се открива. Тој според протоколите ќе оди во изолација, а останатите ќе се подготвуваат за новата пресметка на паркетот.
Претходно поради позитвни тестови во изолација заминаа ракометарите: Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, членовите на стручниот штаб, Александар Царчев, Никола Матлиевски и Радослав Стојановиќ.
Македонија на стартот од квалифиакциите како домаќин без присуство на публика ја совлада Финска со 33-24, а Швајцарија која поради тестирањата за коронавирусот вчера го одработи дуелот на гостувањето кај Данска загуби со 31-26.