Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при ОВР Гостивар, по преземени мерки и активности, во близина на Неготински мост, атар на село Врапчиште, гостиварско, синоќа во 22:40 часот ги лишило од слобода Н.Д.(34) и Ш.Д.(50), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во употреба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Како што информира МВР, додека Ш.Д. управувал патничко возило „пежо”, со гостиварски регистарски ознаки, во кое како сопатник бил Н.Д., од страна на полициски службеници бил даден знак за сопирање, но возилото не застанало и се оддалечило, а од него била исфрлена ќеса со кафеава прашкаста материја, која била пронајдена и одземена. Двете лица набрзо се приведени во ОВР Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.