Светска средба на високо ниво за пандемијата на 3 и 4 декември

Вонреден светски самит за пандемијата на новиот коронавирус ќе се одржи во Њујорк на 3 и 4 декември. Се очекува да се одржи главно во виртуелен формат, при што повеќето лидери ќе зборуваат преку видеоконференциска врска.

Одлуката за свикување на состанокот ја донесе Генералното собрание на ОН. Резолуцијата беше поддржана од 150 од 193 земји-членки на светската организација, без никој да гласа против. Три држави беа воздржани – САД, Израел и Ерменија.

Прашањето за светски самит за пандемија се дискутира од јуни на иницијатива на Движењето на неврзаните.

Треба да знаете
Последни објави