Соопштение до јавноста од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје:
Скопје е метропола, главен град кој треба да биде огледало на државата, а Скопје со Шилегов тоне во смет, а кога ќе се исчисти градот, Шилегов се фали како да направил некој капитален проект.
Сметот и дивите депонии се уште едем проблем плус кога воздухот е загаден и градот се гуши.
И вечерва мерните станици низ Скопје покажуваат 2-3 пати зголемена загаденост над дозволеното, а уште не е ни почната зимата. Што ќе го очекува Скопје во декември, јануари и февруари? Скопјани и оваа година систематски ќе се трујат затоа што Шилегов не си ја работи работата.
Три години откако ветуваше чист воздух веднаш, а ништо не направил. Ништо не е преземено.
Скопје е оставено да тоне во смог, а граѓаните да се гушат. Тоа го констатира и ЕК која посочува на неработата на Шилегов и Заев.
Ниту во ЕУ ќе влеземе, ако не ги исполниме критериумите за заштита на животната средина и спречување на загаденоста на воздухот. А на таа тема Шилегов и СДСМ ништо немаат направено.