Филипче: Маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук објави пост за корисноста од носењето маски.

-Научните студии докажуваат дека маските се ефикасен начин да го спречиме ширењето на коронавирусот. Последното истражување спроведено во Јапонија прецизно го утврдува процентот на заштита од различниот тип на маски. Носењето маска значи грижа за здравјето на сите околу нас и значаен придонес во битката со пандемијата. #НосамМаска, напиша Филипче.

Треба да знаете
Последни објави