Филипче: Повеќе нема место на Инфективната и модуларната болница, пациенти ќе се сместуваат на Интерна клиника

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.

-Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.

Тој истакна дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.

-Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостиг на кадар, а така е и кај нас, во моментот имаме активи 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен болнички третман е 7%, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда на клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница.  Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави