Зголемен е притисокот кон Брзата помош и кон пунктовите за тестирање. Дополнителни 500 нови тестирања за Скопје од понеделник ќе има во главниот град- вели министерот за здравство Венко Филипче.
Во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа, но и целиот свет.
-Според податоци на СЗО, изминатата недела е забележан порас на починати за 46%, во споредба со претходната недела, истакна министерот Филипче, читајќи статистика од земјите од регионот.
Тој истакна дека поради наплив на пациенти, Клиниката за интерни болести се претвора во Ковид центар.
-Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостиг на кадар, а така е и кај нас, во моментот имаме активи 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен болнички третман е 7%, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда на клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница. Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти, рече Филипче.