Во стилот на славната реплика од блокбастерот „Терминатор“ – „Ќе се вратам“ (I’ll be back!), Арнолд Шварценегер се врати, и тоа само десетина дена по операцијата на срцето.
Имено, 73-годишниот „терминатор“ им се вратил на своите секојдневни обврски и живот со својата девојка Хедер Милиган, а во петокот им се пофалил на своите обожаватели дека се чувствува одлично.
-Голема благодарност до сите во болницата Кливленд. Поради нив имам нов залисток на аортата, кој стои покрај мојот нов залисток на белите дробови од последната операција“, напиша Шварценегер на Инстаграм по операцијата, додавајќи дека не може да се чувствува подобро.
Многубројните обожаватели напишале дека сега им е полесно кога знаат дека холивудската легенда е добро, а на објавата реагирал и неговиот син Патрик. Тој напишал дека го молел својот татко да не оди веднаш во вежбалницата, туку да обрне внимание на сè што ќе му речат лекарите.