Играчот за врска на италјанскиот фудбалски калчолигаш Милан, Хакан Чалханоглу може да го продолжи договорот со клубот. 26-годишниот турски фудбалер сака да добива пет милиони евра годишно. Миланскиот клуб е подготвен да понуди 3,5 милиони евра, па останува да се чека разврската од преговорите.
Во тековната сезона, Чалханоглу одигра 10 натпревари и постигна четири гола и оствари една асистенција.



