Џасинда Ардерн положи заклетва за втор мандат

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, положи заклетва на англиски и маорски јазик на церемонија во Велингтон, три недели по победата на изборите.

Со многу солиден рекорд во борбата против епидемијата на коронавирус, Ардерн им ја понуди на лабуристите најголемата изборна победа од Втората светска војна.

Ардерн назначи членови на влада во која жените и членовите на маорската заедница се многу добро застапени.

Таа им се заблагодари на граѓаните за поддршката за новиот мандат да ја предводи владата и да ги забрзаат социјалните реформи во островската држава.

Ардерн (40) стана премиерка за првпат по изборите во 2017 година, кога лабуристите склучија сојуз со уште две партии.

Треба да знаете
Последни објави