Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 77 санкции за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.