Агенцијата за катастар на недвижности демантира: Срамно и неодговорно е тоа што КСС се служи со дезинформации и шири лаги

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија како одговорна
институција која е посветена на потребите на граѓаните најостро ги демантира лагите и
дезинформациите објавени од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати.
Цениме дека тоа е срамно и крајно неодговорно а во интерес на правилно, реално и
објективно информирање на јавноста соопштуваме:
Не е точно дека Агенцијата за катастар на недвижности не презела мерки и не спроведува
мерки за заштита и превенција на вработените од корона вирусот. Тоа е целосна невистина.
Агенцијата целосно ги спроведува сите мерки и протоколи за заштита на здравјето на
вработените и на граѓаните.
Од моментот на усвојување на заклучоците од 16-та и 19-та седница на Владата на Република
Северна Македонија од 11.03 и 14.03.2020 година, Агенцијата за катастар на недвижности
веднаш пристапи кон спроведување на овие заклучоци со кои од работни обврски поради
хронични болести и вработени со мали деца до 10 години беа ослободени вкупно 170
вработени.
Согласно овие заклучоци, за работа во домашни услови или работа од дома на вработени кои
тоа го побарале и се пријавиле кај непосредните раководители им беше овозможено на 187
вработени лица во Агенцијата. Бројот на вработени во работните простории беше преполовен
и со примена на системот на ротација за одредени работни места и работни процеси за кои
немаше можност за работа од дома. Овој начин на работа Агенцијата го применуваше се до
23.09.2020 година кога Владата на 09.09.2020 година донесе нов заклучок со кои сите
вработени во јавната администрација требаше да се вратат на своите работни места.
Со примена на овие мерки во периодот од 14.03.-23.09.2020 година од своите работни места
по овие основи од физичко присуство во работните простории биле ослободени 357
вработени или 41% од вкупниот број (862) вработени во Агенцијата за катастар на
недвижности. Во овој период Агенцијата за катастар на недвижности во целост ја исполнуваше својата
законска обврска – сервис кон граѓаните и институциите без посериозни проблеми во
тековното работење.
Согласно новиот заклучок на Владата од 20.10.2020 година, Агенцијата повторно го воведе
системот работа од дома и во моментот по овој основ своите работни обврски од дома ги
извршуваат 123 вработени лица, а во тек е и организирањето на работа во смени за оние
сектори и одделенија во кои работниот процес не овозможува работа од дома.
Во овие моменти во кои не само нашата држава туку и целиот свет се соочува со проблемите
предизвикани од пандемијата, од страна на Агенцијата за катастар на недвижности во целост
се применуваа препораките од страна на Владата и Kомисијата за заштита од заразни
болести, а за примена на заштитните протоколи сите вработени преку интерни дописи,
наредби, задолжувања и упатства, непосредните раководители и сите вработени навремено
се информирани.
Жално е тоа што Конфедерацијата на слободни синдикати, предводена од претседателот
Благоја Ралповски, наместо да помага, ја злоупотребува пандемијата и шири невистини.
Дополнително, КСС се обидува да злоупотребува и смртен случај на едно вработено лице во
Агенцијата со неосновано и крајно тенденциозно тврдење дека „се работи за негрижа на
Агенцијата“ за своите вработени. Ова неетичко обвинување е во најмала рака клевета,
особено поради тоа што е невистина и поради тоа што пандемијата зема големи размери,
кога вирусот може да го погоди секого.
Кои се мотивите за вакво нешто, за ваква скандалозна и недозволива лага е прашање за КСС,
јавноста може да цени.
Кои се фактите? Во интерес на јавноста информираме дека станува збор за личност,
поранешен вработен во Агенцијата, на кого по втор пат му е прекинат работниот однос
поради непочитување на работните обврски, односно недоаѓање на работа во изминатите
четири години, со затскривање зад синдикалните активности и злоупотреба на истите, за
остварување на лични цели. Прво, затоа што за целиот период ова лице земало плата во
целост, а не доаѓало на работа. Нема оправдување за одредени постапки, законските прописи
се јасни и тие мора сите да ги почитуваат. Дополнително што станува збор за човек, за кој
надлежните органи и институции водат низа истражни и кривични постапки за злоупотреба.
Соопштението на КСС е пример за пласирање невистини, без ниту еден факт, без аргументи.
Дали одредени функции и позиции се злоупотребуваат нека ценат граѓаните, но недозволиво
е туѓата несреќа да се користи за остварување на други интереси.
За сите наведени аргументи во овој демант во архивата на Агенцијата за катастар на
недвижности се наоѓа целокупната документација поврзана за овој период и е достапна на јавноста. Ги охрабруваме медиумите да се обратат и да извршат увид во докуметнацијата за
вистината да излезе на виделина.
Агенцијата за катастар на недвижности ги кани медиумите, во било кое време, да се уверат
дека целосно се почитуваат мерките и препораките за заштита на здравјето на вработените и
на граѓаните.
Агенцијата за катастар на недвижности е принудена да го објави овој демант, ова соопштение,
за да со сочува високиот углед во јавноста, како професинална и одговорна институција.
Агенцијата за катастар на недвижности ги замолува порталите кои го имаат објавено текстот
од страна на КСС да го објават овој демант со цел за објективно и вистинито информирање на
пошироката јавност.

Треба да знаете
Последни објави