Meѓу двата кандидата за претседател на изборите во САД, Доналд Трамп и Џо Бајден се води битка со особено интересни податоци во Џорџија. Таму во моментот Трамп води со само 463 гласа пред Бајден, а неколку илјади гласови остануваат непреброени.
Повеќето гласачки ливчиња се од изборни единици со силно присуство на демократите.
Си-Би-Ес Њуз јави дека двата округа со најмногу непреброени гласачки ливчиња се Гвинет (4.800 гласови) и Клејтон (4.355). Во 02 часот по полноќ, некои окрузи престанаа да бројат гласачки ливчиња, но продолжија во Клејтон.
Во округот, Бајден води пред Трамп со 85 отсто спрема 14 проценти. Округот, веројатно ќе му помогне на Бајден да победи. Властите во Клејтон за Си-Ен-Ен околу 01.27 часот по локално време изјавија дека има уште околу 3.500 гласачки ливчиња од 30.000.
Американскиот претседател вчера имаше предност од околу 18.000 гласови. Веројатно една од сојузните држави ќе побара пребројување, бидејќи битката се очекува да заврши со „фотофиниш”.
Џорџија не ја добил кандидат за претседател од Демократската партија од 1992 година, кога триумфираше Бил Клинтон.