Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Џенаро Гатузо не е задоволен од играта на неговиот тим, иако победија во натпреаврот од 3. коло во групата Ф од Лига Европа, на гостувањето кај хрватскиот претставник Риека со 2-1.
По натпреаврот Гатузо посочи дека ваквите натпревари воопшто не се добри за неговото здравје затоа што премногу е нервозен од развојот на настаните на теренот.
-Точно знаев како ќе игра Риека. Играчите добија прецизни инструкции, но и покрај тоа тие правеа грешки. Ни беше потребна шлаканица за да се разбудиме. Еден ден ќе ми пукне некој крвен сад од нервоза. Ова не е доволно добро, мора подобро да им приоѓаме на натпреварит, вели Гатузо.
Риека прва дојде во водство, а Наполи со пресврт стигна до планираната победа.