Педесет килограми марихуана биле запленети синоќа во неготинско, при што приведен бил 29-годишниот Е.Е., за МИА потврдија од МВР.
-Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со наркотици, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи- Единицата за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес и ОВР Неготино, синоќа на подрачје на селото Дуброво, Неготино, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и други простории, појаснија од МВР.
Претресот бил во дом и други простории на 29 – годишно лице. При претресот, во помошни простории кои ги користело лицето, пронајдени биле околу 50 килограми марихуана. Лицето било приведено, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.