Нема да се одржи традиционалниот марш за годишнината од студентскиот бунт против хунтата во Грција

Традиционалниот марш, како и манифестациите за годишнината од студентскиот бунт против хунтата во Грција, на 17 ноември, нема да се одржат, поради мерките за заштита од коронавируост, но и поради тоа што земјата ќе биде во карантин. Министерот за цивилна заштита на Грција Михалис Хирсохоидис рече дека годинава, немаше прослава на националните празници на 25 март и 28 октомври, но и на Велигден, па така претстојната годишнина, „не може да биде исклучок”.

И владиниот портпарол Стелиос Пецас во интервјуто за грчкото радио „Скај 100,3″ рече дека традиционалниот марш нема да се одржи.

Одговарајќи на новинарско прашање за конкретната тема, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на денешната прес конференција рече дека „имаме уште време пред нас до 17 ноември”, додавајќи дека СИРИЗА ќе разговара со инволвираните, но секако и дека ќе бидат земени предвид околностите поради пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави