Пендаровски за спорот со Бугарија: Во овој момент не можам да бидам оптимист

ефот на државата, Стево Пендаровски, во интервју за „360 Степени“ зборуваше и за актуелниот спор со Бугарија и она што денес го кажа премиерот Зоран Заев дека прекршен е членот 2 од Договорот за добрососедство, кој предвидува поддршка од бугарска страна за македонските евроинтеграции.

-Не можам во овој момент да ѝ дадам на целата македонска јавност количина на оптимизам кон ова прашање. Инаку, Заев ова по втор пат го кажува и пред десетина дена најави дека е можна таква разврска. Јас имав изминативе денови разговори и со германскиот претседател и со бугарскиот претседател. Од сето она што го склопувам како информација и од нашата мисија во Брисел и од нашите пријатели кои не се малку во Европската унија, е дека Бугарија во овој момент делува како да тврдо решена да постави блокада на нашиот пат кон ЕУ. Не би сакал да прејудицирам, бидејќи тие го одложија Советот за општи работи за 17 ноември, што значи има десетина дена во кои може да се најде заедничка солуција,рече Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави