Mилош Раониќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз по многу тешкиот, но заслужен успех против младиот претставник на домаќинот Уго Умбер со 2: 1 во сетови (6-3, 3-6, 7-6 (5))
Канаѓанецот заостануваше 1-5 во тај-брејкот, но потоа покажа железни нерви покривајќи два последователни меч-поени и стигна до успехот што му обезбеди пласман во утрешното полуфинале против Данил Медведев.
Раониќ (17-ти на АТП) уште еднаш беше извонреден од аспект на сервисот – го заврши мечот со 25 аса на своја сметка.