„Твитер“ го блокира Стив Банон поради изјава дека Фаучи и шефот на ФБИ треба да бидат обезглавени

Стив Банон, поранешниот главен советник на Доналд Трамп, доби забрана за неограничено време на „Твитер“ откако во својот поткаст рече дека главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи и директорот на ФБИ Кристофер Вреј треба да ги обезглават и нивните глави да ги стават на кол пред влезот на Белата куќа.

„Нивните глави би ги заденал на кол. Би ги ставил на два агли на Белата куќа како предупредување до сојузните бирократи – или ја прифаќате програмата или повеќе ве нема”, рече Банон.

Неговата портпаролка рече дека Банон не сугерирал Фаучи и Вреј навистина да се обезглават, но рече дека тоа метафорички се однесува на крвавата политика на Англија од времето на Тудор.

Таа додаде дека тој никогаш не повикувал на насилство од каков било вид.

На „Фејсбук“ му беа потребни десетина часа да ја отстрани содржината, „Јутјуб“ малку помалку, додека „Твитер“ реагираше релативно брзо со забрана за Банон.

Треба да знаете
Последни објави