Филиповски промовиран во Партизан

Словенечкиот  кошаркарски тренер со македонско потекло, Сашо Филиповски, денеска беше промовиран како шеф на стучниот штан на белградски Партизан. Во редовите на трофејниот српски кошаркарски колектив Партизан, Филиповски доаѓа на местото од Владимир Шчепановиќ со кого „црно-белите“ ја прекината соработката.

Филиповски (46 г.) во својата тренерска кариера седел на клупата кај Олимпија, Банвит, Монако, Лотоматика, Локомотив Ростов. Роден е во Љубљана, а детството го поминал во Скопје, каде неговиот татко Филип беше поранешен голман на фудбалскиот клуб Вардар.

Филиповски во таборот на „црно-белите“ доаѓа во пакет со некогашниот тренер на МЗТ Скопје, Бобан Митев.

-Не размислував премногу по добиената понуда од Партизан, иако сум свесен за тежината на новата функција, пред сѐ поради големата традиција на клубот, но и поради ситуацијата во која се наоѓа сега, резултатски, но и поради пандемијата со коронавирусот. Дојдов да го дадам максимумот, да им се посветам на екипата и на кошаркарите и од меч во меч да бидеме сѐ подобри. Засега не планирам промени во составот. Не ветувам ништо, бидејќи тој што ветува многу секогаш останува должен. Верувам само во напорна работа и кон тоа ќе се фокусирам, изјави словенечкиот стратег со македонско потекло.

Треба да знаете
Последни објави