Хобс: Резултатите од изборите во Аризона ќе се знаат денеска

Државниот секретар на американската сојузна држава Аризона, Кети Хобс, вчера изјави дека има уште меѓу 400.000 и 450.000 непреброени гласачки ливчиња, од кои само 300.000 се од областа Марикоп, најголема во земјата, и појасни дека резултатите веројатно ќе се знаат до крајот на денешниот ден.

-Добиваме информации дека повеќето изборни комисии го завршуваат броењето на гласовите и дека резултатите ќе ги имаме в петок. Резултатите во Аризона ќе ги дознаеме многу брзо, веројатно до крајот на петок, изјави Хобс за Си-Ен-Ен.

Аризона на победникот му носи 11 електорски гласа, а според проекциите на американските медиуми Џо Бајден е многу блиску до победа во оваа сојузна држава.

Фокс њуз веќе му ги припиша електорските гласови за Аризона на Бајден, поради што телевизијата доби жестока реакција од изборниот штаб на Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави