Откако демократскиот кандидат за американски претседател Џо Бајден денеска го презеде водството во броењето на гласовите во две клучни сојузни држави, Џорџија и Пенсилванија, кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп предмалку на Твитер сооошти дека „изборите се уште не се завршени”.
Американската страница Дизизен Деск веќе ја прогласи победата на Бајден, но телевизиските мрежи и агенцијата АП се уште се воздржани во своите прогнози, бидејќи остануваат илјадници гласови да бидат преброени.
„Лажната проекција на Џо Бајден како победник се заснова на резултатите во четири земји кои се далеку од конечни”, се наведува во соопштението на кампањата на Трамп.
Тие додаваат дека е побарано ново преборјување во Џорџија, каде Бајден, исто така, денеска го презеде водството, и забележуваат дека имало неправилности и во Пенсилванија.