Бугарскиот амбасадор во ЕУ не можел да се изначуди зошто имало „импресивна солидарност“ на ЕК со земја-кандидат

Бугарскиот амбасадор Димитар Цанчев не можел да се изначуди зошто имало „импресивна солидарност“ на Европската комисија со една земја-кандидат и дека тоа е „без преседан и прави лоша услуга“, пишува „Независен.мк“.

Според „Независен“, бугарскиот дигитален весник „Медиапул“ пренесува делови од она што им го кажал Цанчев на колегите на состанокот на КОРЕПЕР 2, добиени од дипломатски извори, но тие не биле земени во предвид.

„’Овој пристап на ЕК и нереално позитивните оценки дадени од нејзините експерти за добрососедски односи само ја потенцираат валидноста на нашето барање да имаме посебно преговарачко поглавје, така што земјите-членки ќе имаат глас во изготвувањето на овие оценки, поради необјективноста на Европската комисија’, истакна Цанчев во своето обраќање.

Тој им рече на дипломатите во Брисел дека нема ‘сигурни гаранции’ во рамките на преговорите дека Скопје ќе се откаже од антибугарската основа на својата национална доктрина.

‘Имаме голем проблем. Тој е многу сериозен. Ова не е некоја банална полемика околу историјата што може да им се остави на историчарите’, рече Димитар Цанчев.

Тој потсетил дека Скопје ја фалсификувал историјата на штета на соседните земји кои спаѓаат во географската област на Македонија за да го аргументираат новосоздадениот идентитет и претензии кон соседните земји. Според Софија, прогласувањето на еден од локалните бугарски јазици како ‘македонски’ е суштинска алатка во оваа политика.

Тој, исто така, потсети дека во Република Северна Македонија постои втор службен јазик – албанскиот, на кој се преведува целото домашно законодавство. Во преговарачката рамка, јазикот на земјата-кандидат е спомнат во врска со нејзината обврска да го преведе европското законодавство на него, така што ќе биде достапен за нејзините граѓани.

„Скопје се повлече од билатералната комисија за историски прашања под изговор дека има техничка влада. Во исто време, техничкиот министер за надворешни работи Никола Димитров, без страв од корона вирусот, ги обиколи европските метрополи за да се жали на лошите Бугари“, објасни Цанчев

‘Дали сакаме Албанците во Република Северна Македонија да имаат пристап на нивниот мајчин јазик, исто така официјален во земјата, да имаат пристап до ова законодавство или веруваме дека оваа обврска на земјата-кандидат се однесува само на нејзиното население со словенски јазик?’ запрашал тој.

Треба да знаете
Последни објави