Викенд-карантин во Косово

Косовската влада воведе дополнителни мерки за заштита од ширењето на епидемијата на Ковид-19 вклучувајќи карантин, кој започна синоќа и ќе трае до понеделник во 5 часот наутро. Затворени се сите бизниси, трговските и рекреативните центри, супермаркетите и угостителските објекти.

Исклучок има за пекарниците, аптеките, малите продавници и бензинските пумпи, јавните и приватните здравствени институции, како и фирмите што се занимаваат со производство, достава и продажба на неопходни производи.

До понеделник наутро се забранува влез и излез во Приштина, на Косово Поле, во Гнилане, во Обилиќ, во Ѓаковица, во Подуево и во Штимле.

Според последните податоци, во Косово од 1.827 тестирања, позитивни се 728 лица, што е 39 проценти од тестираните.

Треба да знаете
Последни објави