Врие во ВМРО ДПМНЕ по одлуката за бојкот

Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ може да биде сигурен дека нема да има сериозна опозиција и ќе продолжат да победуваат дури без да имаат противник на изборите. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе останат разочарани и без алтернатива која ќе биде коректив на лошите политики на власта. Со Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ партиските членови ќе останат без никаква заштита и без перспектива за добивање на можност да се освои власта, велат од Иницјативата за Конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, во која членуваат побеќе екс функционери на опозициската партика.

– Со одлуката за бојкот на изборите, сеуште актуелниот претседател Мицкоски му обезбеди уште една победа на Зоран Заев. Без борба тој му го предаде Штип кој беше вмровски бастион во источна Македонија.

Со одлуката за бојкот, Мицкоски сака да се теши себеси дека не бил поразен, но факт е дека заради него СДСМ ќе однесе уште една победа.
Јасно е дека не станува збор за некаков страв од пандемија, туку станува збор за страв од уште еден пораз на Христијан Мицкоски. Тој ги знае анкетите и знае дека тоа што нема став по важните прашања се одразува катастрофално по неговиот рејтинг и рејтингот на партијата.

Христијан Мицкоски нема капацитет да го поведе ВМРО-ДПМНЕ во победа и сосема беше очекувано дека ќе избега од изборно соочување. На него не му е важно што членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ во овие три години се постојано шиканирани, напаѓани, бркани од работа. На него не му е важно што штипјани не видоа ништо добро од локалните власти кои со мал прст не мрднаа за градот. Да му беа важни, Мицкоски ќе излезеше на избори и ќе докажеше дека ВМРО-ДПМНЕ може многу подобро да раководи и управува. Да му беше важно ќе предложеше сериозен кандидат, а немаше да предлага да се продолжи мандатот на вд градоначалникот од СДСМ.

Да беше искрен во наводната загриженост за пандемијата , ќе предложеше дополнителни протоколи , а токму заради тоа и го именуваше инфектологот Вело Мрковски кој е член на ИК. За жал играта е иста како за предвремените локални избори. Тој беше загрижен се до моментот додека не се согласи за датум на избори. После во цела кампања ниту еднаш не го спомна корона вирусот.

После денешното исплашено соопштување на одлуката донесена пред три дена е јасно дека вонреден конгрес мора да има и ќе има.
Основната обврска и цел на секој лидер е да ја изнесе партијата на избори и да победи. Бегањето од избори не е лидерство ! Бегањето од избори не е вмровски ! Бегањето од изборите во Штип е откажување и од граѓаните и од партиските членови во Штип !

Христијан Мицкоски нема капацитет да го води ВМРО-ДПМНЕ !

Потребно е ново раководство кое нема да се плаши од избори и ќе победува !, велаѕ од Иницитивата за конгрес на ВМРО ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави