ЕУ му ја честиташе победата на Бајден

Европската унија им го честиташе изборот на Џо Бајден и Камала Харис за претседател и потпретседателка на САД. Во името на ЕУ, победата на Бајден му ја честитаа шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

– ЕУ уште еднаш ја нагласува својата заложба за силно трансатлантско партнерство и подготвена е да стапи во контакт со избраниот претседател, новиот Конгрес и администрацијата, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Во Брисел го поздравија рекордниот одзив на гласачите во САД и порачаа дека ја следат постапката за потврдување на резултатите.

Треба да знаете
Последни објави