Блокирани им се сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки. На дел од нив им биле повлечени и средствата кои ги добиле, соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција.
-Сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, но и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби, рече Лукаревска.
Таа посочи дека постапката против овие фирми е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.
Владата ги објави фирмите што зеле пари од државата, а не им дале плати на работниците.