Продолжуваат борбите во Нагорно-Карабах

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан изјави дека е соборен азербејџански дрон во источниот дел на Нагорно-Карабах, додека Баку тврди дека ерменската армија во текот на ноќта претрпела големи загуби.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти деа ерменската армија морала да се повлече од борбената линија во Нагорно-Карабах.

– Во текот на 6 ноември и ноќта на 7 ноември единиците на Вооружените сили на Ерменија од различни видови лесно вооружување, топови и минофрлачи ги гранатираа позициите на единиците на азербејџанската армија и нашите населби в различни деови на фронтот. Противникот претрпе загуби во жива сила и воена техника и мораше да се повлече, се наведува во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана.

Судирите во Нагорно-Карабах почнаа на 27 септември помеѓу ерменските и азербејџанските сили. Досега се прогласени три примирја, на 10, на 17 и на 26 октомври, но сите се неуспешни и продолжуваат судирите.

Треба да знаете
Последни објави