Во Босна и Херцеговина во последното деноноќие се регистрирани 1741 новозаразени, а пријавени се 31 смртен случај од компликации предизвикани од ковид-19.
Во изминатите 24 часа, биле направени 3.091 теста во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 1.132 биле позитивни на САРС-CoV-2.
Нови случаи се регистрирани во сите кантони / окрузи во федерацијата БиХ.
Во Босна и Херцеговина досега се тестирани вкупно 223.960 примероци, а „SARS-CoV-2“ е потврден кај 38.672 лица.
До денес, излекувани се 21 473 пациенти а во изминатите 24 часа е забележано оздравување кај 585 пациенти. Во моментов во БиХ има 16.280 активни случаи на корона.
Во изминатите 24 часа, пријавени се 8 нови смртни случаи во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.
Од денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 920, 611 мажи и 309 жени.