Па вие едно јавно претпријатие не можете да водите, а не цел град!
Вие три од вкупно седум денови во ноември, Штипјани ги оставивте без вода, а не да направите нова филтер станица!
Вие во ек на пандемија не можете да обезбедите цистерни за критичните населени места, а не да обезбедите технички чиста вода за пиење како што ветувавте пред изборите!
Вие два цели дена Штип го оставивте без вода, а ги манипулирате граѓаните да излезат на гласање и да ви веруваат на овие локални избори.
Дали знаете дека има луѓе позитивни на КОВИД-19 и такви во изолација, стари и неподвижни лица, лица во социјален ризик и други категории кои ниту имаат можност, ниту средства да си обезбедат вода за домаќинствата?
Кој се грижи за нив?
Затоа бараме ОСТАВКА од директорот на ЈП Исар! Не е способен да отстрани еден дефект, а камоли да реши погорливи проблеми за граѓаните на Општина Штип.