Полицијата на регионалниот пат Градско-Велес денеска околу 00.15 часот открила десет мигранти од кои пет малолетни во патничко возило со радовишки регистарски ознаки. При контролата приведен е 24-годишен жител на Арачиново, а мигрантите се задржани во прифатен центар, информираат од МВР.
Возилото „опел зафира”, како што информираат од МВР, на даден знак за сопирање продолжило со движење, но по кратко време застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни.
– С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот, информираат од МВР.
Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, денеска околу 2:15 часот на пункт „Отовица” при преглед на патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки отркиле двајца мигранти од Турција.
– Возилото е управувано од Х.Ј.(23), а совозач бил М.Ј.(19), двајцата од Скопје. Осомничените биле приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.