Непознати напаѓачи денеска пукаа во зградата на азербејџанскиот конзулат во украинскиот град Харков, објави прес-службата на азербејџанското Министерство за надворешни работи.
Испукани се шест истрели кон вратите и прозорците на зградата на конзулатот, но нема жртви, се вели во соопштението.
Министерството за надворешни работи на Азербејџан објави дека, според податоците од надзорните камери, имало двајца напаѓачи.
Полицијата во Харков почна истрага за нападот.