СДСМ да каже што нудел Заев како решение, и од кого добил дозвола за тоа, нема веќе ниту една причина Заев да биде премиер

 

Наместо СДСМ да шири лаги во бледи соопштенија, нека смогне сила да признае дека нивниот претседател ништо не направи за доброто на граѓаните. Некадарноста на владата на Заев секој ден се повеќе и штети на Македонија.

Трета година по ред Зоран Заев, заедно со Никола Димитров ги лажат граѓаните дека ќе добиеме датум за преговори и дека ги отпочнуваме преговорите.

Но, оваа лага излезе на површина и за жал, штетата сега ја трпат сите граѓани и Република Македонија.

„Домат дипломатијата“ на Заев доби шамар од Бугарија.

Удирањето во ѕид значи дека Заев мора да си даде оставка и сите политички субјекти да работат за формирање на Влада на национален спас. Оваа влада во овој формат е повеќе од било кога потребна во моментот.

Доста е со лаги, веќе не поминуваат. Граѓаните и меѓународната јавност веќе гледаат колку вреди зборот на Владата на Заев, а тоа е НУЛА.

Треба да знаете
Последни објави