Според американските медиуми Бајден ја доби и Невада, обезбеди најмалку 279 изборни гласови

Џо Бајден, кој беше прогласен за победник на претседателските избори во САД од водечките американски медиуми, според некои од нив, ја освои и клучната држава Невада.

Фокс њуз, Си-ен-ен и Ен-Би-Си како и Њујорк тајмс предвидуваат дека Бајден ќе ја освои и државата Невада и шест изборни гласови, со што вкупниот број ќе достигне до 279 изборни гласови досега, од потребни 270 од 538 во изборниот колеџ.

Фокс Њуз исто така најави победа за Бајден во Аризона, од каде има 11 изборни гласови или вкупно 290.

Другите телевизиски станици, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си, сметаат дека ова се уште не е целосно сигурно, иако забележуваат дека Бајден води во таа сојузна држава.

Треба да знаете
Последни објави