УЈП им ги блокираше сметките на компаниите кои не ја исплатија доделената помош на вработените

Директорката на УЈП Сања Лукаревска одговарајќи на новинарско прашање информираше дека УЈП на сите компании кои не им исплатиле дополнителна помош на своите вработени сметките им се блокирани, и дека на дел од нив веќе им биле повлечени овие средства од државната помош.

Сања Лукаревска информираше дека постапката против нив е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

Според Лукревска, имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, а воедно и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби.

Треба да знаете
Последни објави