Во Италија денеска се регистрирани 39.811 нови случаи на коронавирусот, што е најголема дневна бројка од почетокот на пандемијата, објави италијанското Министерство за здравство.
Министерството соопшти дека починале уште 425 лица, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 достигна 41.063 лица.
Од почетокот на пандемијата во Италија со коронавирусот се заразиле вкупно 902.490 лица.
Најпогоден регион останува Ломбардија, во северниот дел на земјата, со 11.489 нови случаи и соседниот Пиемонт со 4.437.