Во Франција уапсени продавачи на лажни тестови за Ковид-19

Во Франција се уапсени седум лица кои продавале лажни тестови негативни на коронавирус на патниците на најголемиот париски аеродром Шарл де Гол. Шестмина мажи и една жена на возраст од 29 до 52 години се обвинети за фалсификување и учество во измама.

Лажните тестови им ги продавале на патниците од 150 до 300 евра. Тие се приведени во рамки на истрагата која започна откако е откриен патник кој приложил лажен негаривен тест пред летот за Адис Абеба во септември оваа година. Тие можат да бидат осудени до пет години затвор и максимална парична казна од 375.000 евра, ако се утврди дека се виновни.

Треба да знаете
Последни објави