Демократскиот кандидат Џо Бајден денеска можеше да биде прогласен за 46-ти претседател на САД, но дојде до застој во броењето во Пенсилванија, која моментално е клучна држава во однос на резултатите од изборите.
Според „Сан Франциско Кроникл”, спорни се 38.000 гласачки ливчиња, поради што, од технички причини, во моментов е невозможно да се знае резултатот од гласањето во оваа држава, но се претпоставува дека тие наскоро ќе бидат отстранети.
Државата Пенсилванија е многу важна затоа што носи 20 електорски гласови, а Бајден во моментов има 253 гласа, и со тие 20 тој би ги надминал неопходните 270 гласови, кои го одредуваат претседателот.
Друга опција да се прогласи победник на изборите е да се добијат резултатите од Аризона и Џорџија, кои носат 11 и 16 електорски гласови, со што Бајден повторно би ја надминал бројката од 270 електорски гласови и би станал претседател.
Во двете држави Бајден е на чекор до победа.