Не е само Антонио Милошоски во одлични односи со Каракачанов и неговите приврзаници во Македонија, туку и Христијан Мицкоски. Да потсетиме, Каракачанов дојде на 1 февруари 2020 во Битола да промовира книги на покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола. Според страницата на „Културен центар Иван Михайлов – Битола“, овој центар работи на „Рехабилитација и просветлување на ликот и делото на Иван Михайлов како еден од најзначајните ликови во историјата на Македонија“. Воведничар на промоцијата беше неговиот домаќин од „Културен центар Иван Михайлов – Битола“ Љупчо Ѓоргиевски кој, како што се гледа од фотографиите, е во блиски односи и со Христијан Мицкоски. Воведничар на промоцијата на Каракачанов Љупчо Ѓоргиевски на својот фејсбук профил пишува дека работи во „Културен центар Иван Михайлов“, а од неговите фотографии се гледа дека е ветеран на ВМРО-ДПМНЕ и многу близок со видни членови на ВМРО-ДПМНЕ. Љупчо Ѓоргиевски честопати објавува постови на бугарски јазик и на својот профил, а на страницата „Културен центар Иван Михайлов – Битола“ се објавуваат содржини исклучиво на бугарски јазик. Од содржините јасно се гледа дека пријателот на Каракачанов и Мицкоски е политички поддржуван од Вида Боева Попова, секретарката на Ванчо Михајлов. По промоцијата на Каракачанов во Битола, Вида Боева Попова му се поклонува на Љупчо Ѓоргиевски: „Културният център “Иван Михайлов” в Битоля може да се гордее с постигнатият успех да организира с целият си вътрешен патриотичен жар това събитие… Ние сме за свободна и независима Македония с признати права на българите в Македония по образеца на Швейцария“, пишува секретарката на Ванчо Михајлов на ѕидот на Љупчо Ѓоргиевски. Како е можно Мицкоски и Милошоски да глумат борци за македонскиот идентитет, да водат кампањи против федерализација и кантонизација, а истовремено да се гушкаат со Каракачановци кои се залагаат за ванчомихајловистичка Македонија како „Швајцарија на Балканот“?