САД: Судот нареди одвојување на задоцнетите гласови во Пенсилванија

Судијата на Врховниот суд на САД, Самјуел Алто им нареди на изборните комисии во Пенсилванија да ги одвојат гласовите што пристигнале по пошта.

Алто привремено го одобри барањето на Републиканската партија во кое се бара судска наредба до сите 67 изборни комисии во Пенсилванија да ги освојат гласачките ливчиња за претседателските избори пристигнати по пошта по изборниот ден, 3 ноември.

Уште во пет сојузни држави – Пенсилванија, Џорџија, Невада, Аризона и Северна Каролина не се објавени резултатите од претседателските избори.

Во најголемата американска сојузна држава Пенсилванија се зголемува предноста на Бајден, каде од околу 96 проценти од преброените гласови, демократскиот кандидат има околу 28.800 гласови повеќе од Трамп или 0,5 проценти.

Во Џорџија од 99 преброени гласови, Бајден има речси 4.400 гласови повеќе од Трамп. Демокртаксиот кандидат постепено ја зголемува предноста и во Невада, каде има над 22.600 гласови, или 1,8 проценти повеќе од Трамп.

Американскиот претседател има предност во Аризона од околу 29.900 гласа, но треба да се пребројат уште 173.000 гласачки ливчиња.

Трамп исто така води со повеќе од 75.000 гласа или 1,6 проценти во Северна Каролина, каде се изброени 98 гласачки ливчиња.

Досега Бајден има 253 електорски гласови, а Трамп – 213. За влез во Белата куќа, еден од двајцата кандидати треба да освои најмалку 270 електорски гласови.

Треба да знаете
Последни објави