Светски лидери им ја честитаат победата на Бајден и Харис

Кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден ќе стане 46. претседател на САД, јави Си Ен Ен. Медиумот ја објави информацијата по победата на Бајден во неговата родна држава Пенсилванија, што му ги обезбеди потребните најмалку 270 изборни гласови за изборен успех.

Повеќе светски политичари му ја честитаа победата на демократот Бајден. Меѓу првите е шефот на германската дипломатија Хајко Мас.

„Добро што конечно имаме неколку јасни бројки. Со нетрпение очекуваме да работиме со следната американска влада. Ние сакаме да инвестираме во нашата соработка за нов трансатлантски почеток, нов договор”, напиша Мас на Твитер.

Премиерот на Ирска Мајкл Мартин, кој напиша: Сакам да му честитам на новиот избран претседател на САД Џо Бајден, кој беше вистински пријател на оваа нација во текот на целиот свој живот и со нетрпение очекувам да соработувам со него во следните години. Исто така, со нетрпение очекувам да го пречекам дома кога ќе дозволат околностите!

Премиерот на Фиџи Франк Баинмарама му честиташе на Бајден на победата, порачувајќи му дека дека ќе соработуваат за сузбивање на климатските промени. „Заедно, имаме планета за спасување од климатската криза и да ја обновиме глобалната економијата по Ковид-19. Сега, повеќе од кога и да е, потребни ни се САД за да ги зациментираме овие мултилатерални напори”, напиша тој на Твитер, додавајќи дека САД треба што е можно поскоро да се вратат во Парискиот договор за климата.

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис му честиташе на Бајден и оцени дека тој е вистински пријател на Грција и изрази убеденост дека за време на неговата администрација ќе зајакнат врските меѓу двете земји.

Премиерот на Канада Џастин Трудо упати честити до Бајден и потпретседателката Камла Харис. „Нашите две земји се блиски пријатели, партнери и сојузници. Ние споделуваме врска што е единствена на светската сцена. Јас навистина се радувам што ќе работиме заедно на надградување на тие односи””.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан на Фејсбук упати честитки до двоецот Бајден-Харис оценувајќи дека е дојдено време повторно да се градат мостови, а не ѕидови.

Шкотската премиерка Никола Старџен упати честитки, посебно нагласувајќи ја важноста на изборот на Камала Харис како прва жена во Белата куќа.

Премиерот на Малта Роберт Абала, честитајќи го изборот, оцени дека инспиративен е моментот за избор на прва жена во Белата куќа. 

Треба да знаете
Последни објави