Силен земјотрес регистриран во близина на Јужните Шетландски Острови

Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на Јужните Шетландски Острови, во најјужниот дел на Атлантски Океан, објави Американскиот геолошки институт.

Епицентарот бил на длабочина од 5,8 километри и на 1.000 километри јужно од аргентинската населба Толуен, каде живеат околу 3.000 луѓе.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а исто така не е издадено предупредување за појава на цунами.

Треба да знаете
Последни објави