Шкендија не го дели веќе првото место со Шкупи на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево ги освои трите бода во дуелот со Ренова, додека тимот од Чаир ремизира со Работнички.
Резултати на петте натпревари од 11.коло во македонскиот фудбалски шампионат:
Академија Пандев – Беласица 1:2
Борец – Пелистер 3:0
Работнички – Шкупи 2:2
Ренова – Шкендија 1:3
Струга Трим Лум – Вардар 2:2
Утре играат Силекс и Македонија ЃП.
Табела: Шкендија 25 бода, Шкупи 23, Борец 19, Македонија ЃП 19, Струга Трим Лум 16, Силекс 14, Работнички 13, Вардар 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5.