Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вечерва се обрати на длабоко поделената нација, заложувајќи се за единство и разбирање по четирите години на власт на претседателот Доналд Трамп, кој засега не покажа никакви знаци дека планира да го признае поразот.
– Дојде време Америка да се обедини, порача денеска новоизбраниот претседател Џо Бајден во својот прв говор откако беше објавен за победник на изборите во САД.
Бајден говорот го одржа во Вилмингтон, Делавер, неговото постојано место на живеење.
Неговиот настап вчера се исчекуваше со нетрпение низ цела Америка, откако попладнето илјадници граѓани, претежно млади, се собираа по улиците на големите градови како Филаделфија, Њујорк, Вашингтон и Аталанта да прослават за неговата победа, јави дописникот на МИА.
– Ветувам дека ќе бидам претседател кој ја обединува нацијата… Јас сум демократ, но ќе работам напорно како Американец, порача тој.
– Народот го кажа своето, тие ни ја обезбедија победата, истакна Бајден, обраќајќи се на нацијата од Вилмингтон, Делавер.
– Сакам да бидам претседател кој нема да разединува, туку што обединува, претседател што не гледа сини и црвени држави, туку Соединети Американски држави, истакна Бајден
Тој најави дека ќе даде се од себе Америка да ја направи почитувана низ целиот свет.
– Јас сум сопруг на Џил и не би бил тука без неа. Џил ќе биде одлична прва дама, рече избраниот претседател, дополнувајќи дека не би бил тука вечерва без љубовта на неговата сопруга, деца, внуци и целото семејство., рече Бајден.
Тој се заблагодари и на Камила Харис, која со него е избрана за потпретседателка на САД.
Бајден, исто така, им се заблагодари на сите што овозможија одржување на изборите среде пандемијата.
Тој потенцираше дека го разбира разочарувањето на приврзаниците на Трамп. – Јас изгубив неколкупати. Но сега, ајде да си дадеме шанса едни на други. Ова е време за заздравување на Америка, потенцираше поранешниот потпретседател на САД.
– Ајде да бидеме онаква нација каква што можеме да бидеме. Избран сум од демократите но ќе бидам претседател и за оние што не гласаа за мене…Треба да престанеме да гледаме на опонентите како на непријатели. Да ја завршима тажната ера на демонизаиција, овде и сег.
На поддржувачите на актуелниот претседаел, Доналд Трамп, им порача: Дајте ни шанса. Бајден потоа цитираше извадоци од Бибилјата кои завршуваат со зборови „време е за исцелување”.
Порача дека неговата Администрација ќе соработува напорно и ефективно со научната заедница на САД за да се победи пандемијата, дека ќе гради просперитет и ќе им се дава „праведна можност на сите”. Дека ќе се изгради здравството и усоврши американската демократија.
Избраната потпретседалка, Камала Харис, во најавата за настапот на Бајден истакна дека „се раѓа нов ден за Америка”. Харис, сенаторка од Демократската партија од Калифорнија, е првата Афроамериканска жени на таа позиција. Таа има индиско и јамајканско потекло.
– Избравте надеж, наука и вистина. Го избравте Џо Бајден за следен претседател на САД, потенцираше Харис.
Таа го опиша Бајден како стабилен и цврст човек, а за неговата сопруга Џил рече дека ќе биде одлична прва дама. Таа исто така им се заблагодари на сите жени кои работеа за правото на глас на жените.
Харис, исто така, им се заблагодари на сопругот, мајка си и целото семејство.
– Можеби сум првата жена на оваа позиција, но не сум последна. Бидејќи ова е земја на можности. Сонувајте со амбиција, рече таа.
– За Американците, без оглед за кого гласавте. Ќе му бидам потпретседателка на Џо, како што беше тој на Барак Обама. потенцираше досегашната сенаторка.