Вест Хем планира да го купи Дембеле во јануари

Премиерлигашот Вест Хем има намера да го купи напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, пренесува „The Sun”.

Според лондонскиот весник „чеканите” треба да му понудат на 24-годишниот Французин 30 милиони фунти во претстојниот зимски преоден рок.

Во сезоната 2020/21, Дембеле одигра девет натпревари за Лион и не постигна гол.

„Transfermarkt.com” ја проценува вредноста на напаѓачот на 36 милиони фунти.

Треба да знаете
Последни објави