Кадрите на Зоран Заев не можат да спроведат реформи во судскиот систем. Владата на Заев не може да обезбеди ефикасно судство, а неговите послушници не можат да спроведат независно и професионално судство.
Пратеничката на СДСМ, Фаница Николоска залудно пробува да изманипулира со граѓаните и да ја пофали власта, која не само што не обезбеди независно судство, туку истото го злоупотребува и го користи за сокривање на сопствените криминали.
Додека Владата лицитира со бројки и цени на такси во судството за обичните граѓани, за нив судството претставува само уште една алатка плус во контролирањето на институциите.
Зоран Заев и СДСМ се синоним за мешање во работата на правосудниот систем во Македонија. Заев е симбол за нарачани пресуди. Зоран Заев ги користи судиите како копче за паника секогаш кога тој или Владата запаѓа во одредена криза.
На Заев и неговите послушници приоритет не им е обезбедување на функционална правна држава, бидејќи тој единствено се грижи за бизнис зделките на кланот Заеви.
Зоран Заев ги наградува судиите кои му служат со напредување во кариерата. Таков случај е и Добрила Кацарска која ќе биде запаметена во македонскиот правосуден систем со низа прекршувања на судските пракси, н но и како инструмент на кршење на отпор и закани кон неистомисленици.
Намалувањето на судските такси се само превез врз очите на граѓаните кој СДСМ го фрла поради срамната одлука за назначување на Кацарска за нов Уставен судија.
Со кадровите именувања на СДСМ како Добрила Кацарска за уставен судија апсолутно ќе се исполитизира работата на Уставниот суд дополнително што политичките пресуди на Добрила Кацарска се оспорувани од Еврпопските судови и судот во Стразбур.
Граѓаните не веруваат во правосудниот систем, доказ за тоа се неодамнешните анкети каде над 60% од граѓаните се изјаснале дека немаат доверба во судовите.
Владата на Зоран Заев со непрофесионални кадри не може да овозможи правна држава во која сите ќе бидат еднакви, ниту пак да обезбеди судство кое конечно ќе биде ослободено од канџите на политичката партија на власт.