Градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски преку Фејсбук соопшти дека е позитивен на коронавирусот.
-И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за Ковид-19, сум позитивен, напиша Стојановски на Фејсбук.
Ќе биде во изолација и сите службени обврски и работни активности ќе ги извршува од домашни услови.
Порачува да бидеме одговорни, дисциплинирани и совесни, бидејќи само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата.